Бизнис портфолио

nikolco-ilijev

Николчо Илијев

Основач и генерален директор на ИНТ ГРУП

Николчо Илијев, основачот и менаџерот на ИНТ ГРУП, ја основа компанијата во 1998 со визија да креира и менаџира организација на која другите можат да се потпрат но и да научат од неа. Оттогаш, ИНТ ГРУП постојано служи како извор на вредни сознанија, доверлив партнер и сигурна поддршка. Во текот на овие години, примарна цел беше да се изгради робусна компанија која генерира додадена вредност, нови можности и шанси за заедницата во која работи. ИНТ ГРУП е посветена на обезбедување можности за раст и развој на секој поединец кој соработува со компанијата.

ИНТ Груп Бизинис портфолио

Каде што иновацијата се среќава со извонредноста во функција на секоја индустрија. ИНТ Груп е динамичен конгломерат кој се состои од шест различни ентитети кои работат под една организација. Со посветеност на иновациите, квалитетот и одржливоста, нудиме неспоредливи искуства и решенија, обликувајќи ја иднината во модата, технологијата, финансиите, угостителството, недвижностите и обновливите извори на енергија. Откријте нов свет во кој занаетчиството, извонредноста и просперитетот се спојуваат под чадорот на ИНТ Груп.

ИНТ МОДА

ВАШЕТО НОВО МОДНО ПАТУВАЊЕ, НА ПОВИСОКО НИВО: ИНТ МОДА – КАДЕ ЗАНАЕТЧИСТВОТО СЕ СРЕЌАВА СО ИНОВАЦИЈАТА

ИНТ Мода е најголемиот сектор од нашето деловно портфолио и е основниот производ кој и помогна на компанијата да стане она што е денес.

ИНТ ЧОРАПИ

ЧЕКОРЕТЕ ВО СОВРШЕН ПРОИЗВОД – НЕСПОРЕДЛИВ КВАЛИТЕТ, ИНОВАТИВЕН ДИЗАЈН

Основана во 2016, ИНТ ЧОРАПИ носи супериорен квалитет на пазарот поддржан од врвна технологија со што на клиентите им нуди исклучително позитивно искуство.

ИНТ ФИНАНСИИ

ОБЕЗБЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ФИНАНСИСКА ИДНИНА: ВЕ ВОДИМЕ ПО ПАТОТ НА УСПЕХОТ

Вашиот партнер во обезбедувањето просперитетна финансиска иднина преку стручни насоки во динамичната сфера на меѓународните финансии.

ИНТ УГОСТИТЕЛСТВО

НЕЗАБОРАВНО ИСКУСТВО, БИСЕР ВО УГОСТИТЕЛСТВОТ

Секторот угостителство се состои од луксузен хотел HOTEL “City In” и нашиот кафе бар и ресторан “City Café”, лоциран во центарот на градот.

ИНТ НЕДВИЖНОСТИ

ДОЖИВЕЈ ЈА УМЕТНОСТА ВО НЕДВИЖНОСТИ, ЖИВЕЈ ГО ЛУКСУЗОТ ВО ПОСИДИ, ГРЦИЈА

Откријте го олицетворението на луксузот во Посиди, Грција со ИНТ Недвижнини. Ние ја редефинираме уметноста на недвижен имот, нудејќи Ви порта за неспоредлива екстраваганција. Истражете ги нашите исклучителни недвижнини и прифатете го раскошниот живот како никогаш досега. Добредојдовте во свет каде луксузот нема граници.

ИНТ
ЕНЕРГИЈА

ЈА ПОДДРЖУВАМЕ САМООДДРЖЛИВОСТА ЈА ИНСПИРИРАМЕ ЗАЕДНИЦАТА: СОЛОРАНА ЕНЕРГИЈА ЗА ПО ЗЕЛЕНА ИДНИНА

Во нашата посветеност кон одржливоста, инвестиравме во енерго соларни системи за да ги снабдуваме нашите објекти со зелена енергија, а истовремено нудиме еколошки решенија за греење и услуги за инсталација на соларни панели за да ги инспирираме другите.