ИНТ УГОСТИТЕЛСТВО

ИНТ УГОСТИТЕЛСТВО

hotel-city-in

Препознавајќи го потенцијалот во угостителската индустрија, инвестираме во овој сектор за да обезбедиме исклучителни искуства на домашните но и странски гости во нашиот град. Во нашиот хотел, ние даваме приоритет на задоволството на гостите и се стремиме да ги надминеме очекувањата преку персонализирана услуга и внимание на деталите.

Без разлика дали вашате посета е од бизнис карактер или сте дојдени на одмор, нашиот тим е посветен да обезбеди незаборавен и пријатен престој за секој гостин.

ИНТ угостителство се состои од нашиот луксузен хотел "City In" и нашиот кафе бар и ресторан, "City Café", кој се наоѓа во склоп на хотелот- неговото приземје.

Hotel “City In”

Лоциран во срцето на градот Кочани, хотел “CITY IN” е модерен објект кој нуди елегантни соби со сите удобности. Хотелот вклучува и бесплатен Wi-Fi, бар и паркинг места за своите гости.

Престојот во нашиот хотел ќе ви овозможи непосреден пристап до центарот на градот, но и до сите знаменитости на градот, кои се на многу кратко растојание.

Можете да изберете помеѓу три типа на соби: луксузни соби со стандардни двокреветни, луксузни двокреветни и супериорни queen соби на располагање. Хотелот е опремен и со конференциска сала која ги има сите удобности потребни за успешни презентации и состаноци.

City Café Kitchen & Bar

Сместен во хотелот „City In“, „City Café Kitchen & Bar“ е одлично место за уживање дење но и во ноќите часови во модерен амбиент. Барот нуди широк спектар на алкохолни и безалкохолни пијалоци. Од друга страна во ресторанот можете да доживеете гастрономско патување низ светот преку дегустација на вкусна храна од различни интернационални кујни.